Изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце

Стандарден формат на публикација за локална објава на локална отворена тендерска постапка

Назин на проект: Изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце

Оглас број: NEAR/SKP/2020/EA-LOP/0065

Министерството за финансии, Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), Скопје, Северна Македонија, има намера да додели договор за градба “Изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце”, во општина Тетово и општина Теарце, со финансиска помош од ИПА програмата. Договорот е поделен во два (2) лота: Лот 1 – Изградба на детска градинка во општина Тетово и Лот 2 – Изградба на детска градинка во општина Теарце. Основните проекти за Лот 1 и за Лот 2 предвидува активност во која се опфатени градежни, електрични, машински, водоводни и канализациони работи и набавки и испорака на опрема и мебел, кои што сите треба да се извршат во согласност со правилата на PRAG за набавка и
спроведување на Договор за изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце. Тендерското досие е достапно за проверка на следната адреса: Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), Скопје, Ул. ,,Даме Груев''- 12, 1000 Скопје, и објавено на додатокот на Службениот весник на ЕУ (TED eTendering) и на F&T порталот: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/home, и на веб-страната на ЦФСД: https://arhiva-cfcd.finance.gov.mk. Крајниот рок за доставување на понуда е 07.06.2021, 12:00, локално време, во просториите на Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), Ул.,, Даме Груев’’- 12, 1000 Скопје. Можни дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на TED (eTendering) и исто така достапни на F&T порталот: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/home и на веб-страната на ЦФСД: https://arhiva-cfcd.finance.gov.mk.

Објава на локален тендер во службен весник