Подобрување на објектите за царинска постапка и контрола на патниот граничен премин Ќафасан

Стандарден формат на публикација за локална објава на локална отворена тендерска постапка

Подобрување на објектите за царинска постапка и контрола на патниот граничен премин Ќафасан

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии има намера да додели Договорза изведба на градежни работи на Граничниот премин Кафасан за: градба на царински терминал за товарен сообраќај заедно со пристапен пат, нова зграда за царински постапки, , објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со пратечки содржини, јавен тоалет, контролен пункт, подобрување на постоечкиот објект, надворешни и внатрешни електро инсталации, внатрешни термо-технички инсталации, водовод, противпожарна заштита, атмосферска и фекална канализациона мрежа со пречистителна станица за отпадни води, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ограда околу терминалот. Договорот ќе биде имплементиран во согласност со PRAG правилата и процедури за имплементација на договори за градење, со финансиска поддршка од ИПА Програмата. Тендерската документација (без цртежите) е достапно на веб страната на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome, и на веб-страницата на Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии на https://arhiva-cfcd.finance.gov.mk/english/Tenders.

 Целокупното тендерско досие (со цртежи) достапно само во електронска форма – CD, може да се добие бесплатно од Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје. Таа може да се подигне на рака или да биде испратено преку експресна курирска служба (плаќање по прием) по претходно поднесување на писмено барање испратено преку факс или електронска пошта со наведување на бројот на тендерот и наслов, име на компанијата, адреса и контакт телефон/факс броеви и e-mail адреса. Договорниот орган не врши организација на испораката ниту врши плаќање за курирска служба. Договорниот орган не прифаќа било каква одговорност за задоцнета испорака на тендерската документација од страна на курирската служба.

 Крајниот рок за поднесување на понудите е 18јули 2017 година, пред 12:00 часот по локално време. Дополнителни информации или објаснувања/ прашања, ќе бидат објавени на веб страната на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome и на веб-страницата на Секторот за централно финансирање и склучување на договорипри Министерството за финансии https://arhiva-cfcd.finance.gov.mk/english/Tenders.

 

Објава на локален тендер во службен весник