Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) како дел од Оперативните структури за децентрализирано управување со средствата обезбедени преку ИПА Компонентите I – IV е надлежно да ги спроведува своите активности во согласност со следниве правни акти:
- Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) 718/2007,
- Рамковната спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европската заедница за правилата за соработка во врска со финансиската помош од ЕУ во Република Македонија во рамките на спроведување на помошта според ИПА и
- Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за прет-пристапна помош (ИПА) на Европската Унија.
Во согласност со овие правни акти ЦФЦД е централно тело за склучување на договори за ИПА Компонентите I – IV и е одговорно за спроведување на тендерирските постапки, склучување на договори и исплата на проекти финансирани од ЕУ преку децентрализираниот систем за управување во Република Македонија.
ЦФЦД е носител на следниве надлежности (списокот не е исцрпен):
- спроведување на тендерски постапки,
- склучување на договори,
- управување со договорите,
- следење (мониторинг),
- управување со банкарските сметки на ЦФЦД,
- плаќања,
- сметководство,
- подготвување на извештаи,
- управување со човечки ресурси во ЦФЦД,
- управување со нерегуларности,
- управување со ризици,
- контрола на квалитет,
- надгледување на СПО/ИПА координаторите во линиските министерства/ институции – кориснички,
- почитување на правилата за јавност и транспарентност.
Раководителот на ЦФЦД е истовремено и Програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I и II, односно Раководител на оперативната структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV. ПАО/ХОС е одговорен за спроведување на проектите финансирани преку ИПА Компонентите I – IV, меѓутоа дел од задачите поврзани со техничката реализација и надгледувањето на спроведувањето на договорите се пренесени на надлежните министерства/ институции – кориснички. Пренесувањето на задачите е регулирано со Оперативни договори потпишани помеѓу ПАО/ ХОС и СПО/ ИПА Координаторите.
Погледнете ја табелата за Системот за имплементација на ИПА
Доверливост и непристрасност
И покрај тоа што работењето на ЦФЦД е во согласност со почитувањето на правилата на ЕК за транспарентност, публицитет и видливост, истите во одреден дел се од доверлива природа и за нив не смее да се разговара со трета страна, ниту за време на тендерирање, ниту за време на склучување на договорот, ниту потоа.